ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ, БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА на Млекара Здравје Радово ДОО

     Политиката за квалитет, безбедност и здравје при работа на МЛЕКАРА ЗДРАВЈЕ РАДОВО ДОО, чија основна дејност е преработка на млеко и производство на млечни производи, се темели кон достигнување на својата цел за безбедни и здрави работни места, без повреди, несреќи и заболувања поврзани со работата, како и постигнување на задоволството кај купувачите, преку:

  • Ефикасно управување со ресурсите, успешно функционирање и постојано подобрување на Системот за Управување со Квалитет и Безбедност (СУКБ) и Системот за Управување со Безбедноста и Здравјето при Работа (СУБЗР) ;
  • Обезбедување на постојано подобрување на работната средина за сите наши вработени, соработници, посетители и подизведувачи;
  • Превземање на одговорност од страна на сите вработени од аспект на СУБЗР, почитувајќи ги важечките барања и своите одговорности за безбедно извршување на работните задачи;
  • Максимално задоволување на очекувањата на купувачите со постојано подобрување и проширување на постоечкиот асортиман на производи;
  • Стекнување на конкурентска предност на пазарот;
  • Развој на нови производи и иновација на постоечките;
  • Мотивирање на вработените и подигнување на нивото на тимско работење;
  • Грижа за работната средина и животната околина;
  • Примена на важечките закони и прописи;
  • Препознатливост на производите надвор од границите на Република Македонија;
  • Зголемување на конкурентските позиции и јакнење на довербата кај купувачите.

НАШЕТО МОТО Е:
НИЕ МОЖЕМЕ И ПРОИЗВЕДУВАМЕ БЕЗБЕДНИ, КАВЛИТЕТНИ И ОРИГИНАЛНИ ПРОИЗВОДИ, ВО БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА, НА ЗДРАВЈЕ!

НАША ВИЗИЈА Е:
ВРЗУВАЊЕ НА ИМЕТО НА “ЗДРАВЈЕ” ЗА БЕЗБЕДНОСТА И КВАЛИТЕТОТ НА НАШИТЕ ПРОИЗВОДИ!

Управител
Јован Дабевски

SERTIFIKAT ISO 9001, HACCP

ISO 9001 Angliska verzija