Млекара Здравје Радово започна со работа во с. Радово во почетокот на 2002 година, во еколошки чиста средина која го опфаќа пределот помеѓу планините Огражден и Беласица, на 10 км. оддалеченост од Струмица.

Во 2004 г. производството  се прошири со нов производствен капацитет во Куманово, со што се продолжи со традицијата на педесет години постоење и производство на поранешен ЗИК Куманово.

2014 г. ја одбележа нова инвестиција. Во Р.Е. Куманово започна производството на млечни намази.

2015 г. го одбележа промовирањето на новиот сегмент на работењето – млечни десерти, од кој прв се појави традиционалниот производ сутлијаш.

2016 г. Отворена е новата фабрика во Битола.

Од почетокот до денес, забележлив е континуиран развој во производствената програма, раст на бројот на производи и бројот на вработени.Со постојана работа и воведување на нови производи, проширен е асортиманот кој на почетокот го сочинуваа само десетина производи. Денес целокупниот асортиман опфаќа над 60 производи. Развојот и успехот на Млекара Здравје Радово подразбира и зголемување на работниот кадар. Од почетните 8 вработени, денешната бројка изнесува 360. Почетниот капацитет на дневна обработка на млеко од 2 500 литри, денес е зголемен на  над 120 000 литри.

Целокупната продажба и дистрибуција на производите се одвива во и од магацинот во Скопје, каде се наоѓа и дирекцијата на компанијата. Со дистрибуција се опфатени сите градови и населени места во Република Македонија. Истата се одвива со возила од сопствениот возен парк.

Нашата мисија е постојано следење на потребите на нашите потршувачи и одржување на големата доверба која кон нас ја имаат тие. Сето тоа го градиме преку следниве ВРЕДНОСТИ :

  • Врвен КВАЛИТЕТ во сите области, почнувајќи од суровините, производството, дистрибуцијата, маркетингот и продажбата

  • Највисоки СТАНДАРДИ во секој дел на работењето

  • Постојана ОБУКА на кадарот на сите нивоа

  • Доверливост и ПАРТНЕРСКИ однос со нашите добавувачи

  • Грижа за подобрување на УСЛОВИТЕ ЗА РАБОТА по најновите стандарди

  • Заштита на животната средина

  • Општествена одговорност